НЕВЕРОЈАТНО РЕТКА СНИМКА: Какви ајкули, ова се вистински морски предатори!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една неверојатно ретка снимка покажа момент во кој јато орки уловија и убија еден минки кит.

Шест орки, меѓу кои имаше и млади и возрасни, ловеа и опколија џиновски минки кит, а потоа го растргнаа на парчиња. Во снимката може да се видат ужасите што му се случуваат на минки китот додека орките во него ги забиваат своите големи и остри заби.

Смртоносната потера се случи во Тихиот океан, во заливот Авакински, покрај брегот на источен Сибир.

Таму фотографот Мајк Коростелев снимал китови за еден руски проект.

„Беше неверојатно да се гледа тоа, тие се навистина ретки. Обично се гледаат орки како се хранат со риби, но никогаш со китови“, рече Коростелев додавајќи дека бил воодушевен што сведочел на ваков настан, уште повеќе што се успеал да сними.

„Среќен сум и се чувствувам привилегирано што видов ваков неверојатен момент од животот во дивина. Само еднаш имам видено снимка од ваков лов“.

Орките не за џабе го добиле прекарот ’китови убијци’, бидејќи овие предатори се мошне интелигентни. Иако ги нарекуваат така, тие всушност се океански делфини кои живеат и ловат во јата.