НЕВЕРОЈАТНО: Играч од 50 милиони евра понуден на Црвена Звезда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Црвена Звезда била на чекот од доведување на еден од најскапите фудбалери на светот, пренесуваат српските медиуми.

Алекс Тешеира на почетокот на 2016 година го напушти Шахтјор и се пресели во Жиангсу Сунинг за 50 милиони евра, но сега кинескиот клуб сака да се ослободи од Бразилецот.

„Дали сакате на пролет да го имате во тимот Алекс Тешеира“, им предложил менаџерот на лечниците на Црвена Звезда, пренесува „Моцартспорт“.

Раководството на Црвена Звезда прво останало изненадено, а потоа добиле објаснување. Кинезите сакаат да ослободат место во тимот за нов странец и готово сигурно ќе го испратат Тешеира на едногодишна позајмица, а Сининг во тој период ќе ја плаќа неговата висока плата.

Црвена Звезда покажала интерес, Сунинг бил спремен да го испрати играчот на „Маракана“, но Тешеира го одбил трансферот бидејќи сака да се врати во Бразил.