Спорт

НЕВЕРОЈАТНО: Билети за Реал – ПСЖ по 24.000 евра!


Влезниците за дуелот Реал Мадрид и Пари Сент Жермен на „Сантиаго Бернабеу“ во Лигата на шампиони, беа распродадени за само 37 минути, пренесуваат шпанските медиуми.

Двата европски гиганти ќе се сретнат во осминафиналето од Лига на шампиони. Тоа ќе биде дуел со кој „кралскиот“ клуб ќе се обиде да ја спаси сезоната, а во кој „сцетците“ се надеваат дека ќе ги оправдаат вложените средства.

Првиот меч ќе се игра на 14-ти февруари во Мадрид, а како што пишуваат шпанските медиуми билетите биле распродадени за помалку од 40 минути.

Поради тоа голем број на билети се најдоа во препродажба, па кај „тапкарошите“ можат да се набават за неверојатни 24.000 евра. Цените за помалку популарните позиции се движат околу 300 евра.

Инаку Реал Мадрид константно се бори со препродажба на билети, па потребно е сопственикот на билетот да има електронска верзија на мобилниот телефон.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top