Неверојатни бројки – видете колку ќе заработува Нејмар во ПСЖ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Трансферот на Нејмар во ПСЖ е главна тема веќе подолго време во светските медиуми, а она за што најмногу се зборува е платата која Бразилецот ќе ја заработува во Париз.

Кога ќе го официјализира трансферот во ПСЖ, тој ќе стане најплатениот светски фудбалер, ќе го надмине Карлос Тевез кој во Кина има неделна плата од 690.000 евра, а зад него ќе бидат и Лионел Меси (560.000), односно Кристиано Роналдо (407.000).

Капитенот на бразилската репрезентација во Барселона пристигна во 2013 година од Сантос за сума од 55 милиони евра. Подоцна, кога беше спроведена истрага и заврши судењето, беше објавено дека заедно со разни клаузули, бонуси и провизии за татко му, трансферот изнесувал 80 милиони евра.

Нејмар за Барса одигра 186 натпревари и постигна105 гола. Со Каталонците двапати ја освои Ла Лига, трипати Купот на кралот, а по еднаш се радувал на пехарите во Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.

Нејмар во моментот е единствениот фудбалер во светот кој повеќе заработува од спонзорските договори. Имено, од „Најки“, „Жилет“, „Панасоник“ и од „Битс“ годишно тој има приход од 40 милиони евра.

Кога на тоа ќе се додаде платата од 35 милиони евра која ќе ја заработува во Пари Сент Жермен, годишната заработка на Бразилецот ќе изнесува неверојатни 75 милиони евра.