Неверојатна среќа: Преживеа двојно брутално газење (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Девојката од видеото имаше неверојатна среќа да преживее и да помине без опасни по живот повреди во сообраќајката во која два пати по ред беше брутално прегазена.

Несреќата се случи во кинеската провинција Џиангсу, на прометната сообраќајна крстосница во градот Лијанјунганг. На снимката јасно се гледа како девојката, додека прописно си преминуваше на пешачкиот премин, беше прегазена од електричен автомобил и остана заглавена под него.

Возачот на автомобилот и случајните минувачи веднаш го кренаа возилото и ја извлекоа девојката од под него. Но, автомобилот повторно се придвижи и повторно ја прегази девојката. Запре дури кога удри во соседната ограда покрај улицата.

Во локалниот извештај како можни причинители за второто прегазување се наведени можноста внуката од возачот случајно повторно да го придвижи автомобилот или пак да откажале кочниците од истиот.