Неуспешен референдумот во Босилово за изградба на рудниците


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Референдумот во Босилово против изградбата на рудници на територијата на општината не беше успешен.

Општинската изборна комисија во Босилово и официјално соопшти дека на референдумот излегле само 32,45 отсто од регистрираните гласачи или гласале 3.992 гласачи, односно 2.159 помалку од потребниот минимум за референдумот да успее.

Претставници на иницијаторот на овој референдум, здружението Здрава котлина, велат дека во текот на спроведувањето на референдумот имало многу нерегуларности. Тие велат дека нема да се откажат од нивната иницијатива да не се дозволи отворање на рудникот Иловица.