Nestle Adriatic ги повлекува од пазарот овесните снегулки


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватското Министерство за земјоделство извести дека компанијата Nestle Adriatic како мерка на претпазливост ги повлекува овесните снегулки „Нестле нестум експерт зоб и суви сливи“ бидејќи на пазарите на Европската Унија во сличен производ е утврдено зголемено количество полициклички ароматски јаглероводороди.

Хрватската агенција за храна сооопшти дека на пазарите на ЕУ во сличен производ (Nestle Cerelac Buiscuits L70080291, кој го нема на пазарите во Хрватска), е пронајдена зголемена количина полициклички ароматски јаглероводороди.

Со оглед на тоа дека истата суровина се користела и за производство на производот на Nestle Adriatic компанијата со цел да обебзеди сигурност и квалитет на производите се одлучила да го повлече производот.