Несекојдневна глетка: Десет и пол метри долг кит залута во калифорнискиот залив


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Голем примерок од грбав кит доплива во заливот Вентура, на југот од Калифорнија, каде остана заробен бидејќи не можеше да најде излез од пристаништето. Оваа несекојдневна сцена е снимена со камера, додека китот се обидуваше да го најде излезот, пливајќи меѓу бродовите.

Експертите за диви и морски животни ги здружија силите за да му помогнат на морскиот цицач, па со подводни звуци му го покажуваа патот назад до отворениот океан, откако китот со часови безуспешно се обидуваше да најде излез.

Над стотина луѓе се собраа во заливот Вентура за да го видат десет и пол метри долгиот грбав кит кој имаше залутано во плитките води. Се претпоставува дека станува збор за младенче кое залутало за време на сезонската миграција од ладниот север кон топлите јужни води во Мексико.