Вебкафе

Несекојдневен инцидент: Сопругот го фатила со соседот Перица во кревет, па ги претепала двајцата


Полицијата во српски Аранѓеловац во понеделникот имала несекојдневна интервенција. Изневерена сопруга ги претепала својот сопруг и нивниот комшија Перица, очигледно двајцата хомосексуалци, кои ги фатила во кревет.

Во понеделникот попладне, Јована С. му нанела тешки телесни повреди на сопругот Милош С. од Аранѓеловац, кого го фатила како ја изневерува со комшијата, пренесува српски Alo. Според наводите од полицијата, Јована го фатила сопругот во раните утрински часови, а при што му нанела тешки телесни повреди.

Јована тргнала на работа, но кратко после заминувањето, се сетила дека го заборавила паричникот, за после половина час откако заминала, се вратила дома за да го земе. Но, кога влегла во станот, слушнала чудни звуци, а потоа својот сопруг, инаку возач на камион кој рано утрото стигнал од пат, го затекла во кревет со соседот Перица.

Изневерената сопруга во афект ја грабнала металната цевка од правосмукалката и на сопругот му задала серија удари, а од тепање не бил поштеден ни неговиот љубовник.

„Да затекнев било што друго, ќе ми беше полесно. Да ме изневеруваше со сосетката или со некоја пријателка немаше толку да се налутам. Тие се вообичаени работи во бракот. Но, сопругот да ми биде хомосексуалец, тоа не можев да го замислам и поверувам ни во најлудите соништа. За мене ова е големо разочарување. Милош за мене беше поим за маж, но кога чув како Перица му вели маче мое и го гали по главата додека водат љубов, тоа кај мене предизвика напад на бес и не гледав каде мавам“, вели Јована за Ar Info.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top