Неофицијално: СДСМ 245, ВМРО-ДПМНЕ 150 – Теарце не ги промени мандатите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првите неофицијални податоци од броењето на резултатите од прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце покажуваат дека прераспределбата на пратеничките места од предвремените парламентарни избори на 11 декември нема да се промени. ВМРО-ДПМНЕ останува со 51 пратенички мандат, а СДСМ со 49.

Мухамед Зекири од СДСМ вечерва на Фејсбук објави дека СДСМ освои 245, а ВМРО-ДПМНЕ 150 гласа. Овие бројки немаат никакво влијание на првично соопштените прелиминарни официјални резултати на ДИК.

Државната изборна комисија вечерва во 21.30 часот официјално ќе ги соопшти резултатите од прегласувањето на избирачкото место 2.011 во Теарце.