Нема возови додека целосно не помине октомвриската плата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вработените во Македонски железници ќе го продолжат штрајот со бојкот на железничкиот сообраќај додека не се исплати целосно платата за месец октомври.

Машиновозачот Душко Чакаровски, во изјава за медиумите, соопшти дека железничкиот товарен и патнички сообраќај е во целосен прекин, а утринава сообраќал само патничкиот воз за Гевгелија, што бил управуван од вработен кој не се придржувaл кон договорот.

„Ќе протестираме додека не се исплати вториот дел од платата, а доколку тоа се случи денеска уште веднаш ќе се вклучиме во сообраќај“, истакна Чакаровски.

Додаде дека доколку до 25 декември не им биде исплатена и ноемвриската плата, повторно ќе штрајкуваат.

Вработените го повикуваат министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, да пронајде решение да се исплаќа платата во целост, како што впрочем и им било ветено уште во август.