Вебкафе

Нелегално во Дубаи: „Спијат“ на пари, а ги имаат некои од најсмешните забрани


Иако законите во Соединетите Арапски Емирати, поточно во Дубаи се навистина чудни и може да бидат ригорозни и за најмалите ситници, сепак Дубаи е пријателски настроена држава за туристи. Истите не треба да ве одвратат од посета на овој вештачки создаден луксуз и милијардерски рај среде пустина, само треба да сте свесни за нив, да ги знаете и да се држите до истите.

1.Танцување во јавност

Иако во Дубаи има многу ноќни клубови за танцување, забрането е танцување во јавност. Ноќните клубови се во приватна сопственост и се отворени со посебни дозволи. Оваа забрана е поради тоа што танцувањето во јавност може да ги вознемири минувачите.

2.Бакнување во јавност

Доколку патувате во Дубаи со вашиот партнер бидете внимателни што правите во јавност. Туристи биле уапсени поради бакнување во јавност, па дури и поради тоа што се држеле за рацете додека пешачеле.

3.Делење на соба

Во Дубаи е илегално да делите соба со партнерот доколку не сте во брак. Многу интернационални хотели не го прегледуваат брачниот статус, така што пред да патувате проверете колку е ригорозен хотелот во кој ќе престојувате.

4. Промовирање на добротворни акции на социјалните медиуми

Во ниту еден случај не е дозволено промовирање на добротворни цели на социјалните медиуми без претходна согласност и одобрување од тамошните власти. Оваа постапка може да ве однесе зад решетки.

5.Објавување на анти-владини текстови на социјалните медиуми

Пред извесно време на секој граѓанин во Дубаи му беше забрането да објавува било што за поддршка на Катар. Многу е едноставно, заборавете на социјалните медиуми додека престојувате во оваа држава.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top