Некој го прекина Морган Фримен во говорот – царот му врати на фраерски начин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На завчерашното доделување на SAG Awards (Screen Actors Guild Awards), актерската легенда Морган Фримен доби награда за животно дело.

Додека култниот актер држеше говор некој во првите редови разговараше гласно, што воопшто не му се допадна на Фримен. Само што започна да се заблагодарува за наградата, Фримен му се обрати на оној кој со своето гласно зборување му пречеше во тоа и ги собра симпатиите во салата.

„Хеј, тебе ти говороам. Да, хеј. Ме прекина, тоа е сè“, рече Фримен и продолжи со говорот.

„Ова е повеќе од често, ова е место во историјата“, рече тој во говорот, а Digital Spy пренесува дека уште не е откриено кој го прекина во церемонијалниот говор.