Некогаш најдобар фудбалер во светот, а денес претседател на својата држава!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Беше најдобар фудбалер во светот, освојуваше титули во Италија и Франција, прогласен беше за фудбалер на векот и првиот африкански фудбалер со Златната топка, а денес стана претседател на својата држава.

Секако, зборуваме за Џорџ Веа (51) кој денес забележи нов голем успех, овој пат во политиката, пишува Спортски.мк.

Овој пат е вистина, после првите лажни вести во октомри, денес „Мирор“ потврдува дека Веа е новиот претседател на Либерија.

Веа во својата кариера настапуваше за Челзи, Манчестер Сити, Монако, ПСЖ и Милан, откако престана да игра фудбал се посвети на политиката.

Вечерва тој победи на претседателските избори и го наследува Елен Џонсон Сирлеаф од кого изгуби во 2005 година.

Освен по фудбалските достигнувања, Веа е познат и по своите хуманитарни акции.