Живот

Нека блеска кујната: Трикови со кои ќе се решите од бактериите


Можеби тоалетот ни делува како највалкано место од куќата, но вистината е таа дека бактериите виреат онаму каде што не ги очекуваме. А тоа е кујната.

Кујнскиот садопер

Најчесто го запоставуваме кога имаме машина за миење садови. Но со тоа правиме грешка затоа што тоа е едно од најризичните места во домот кога се во прашање бактериите. Би требало да го чистите темелно барем еднаш неделно, но кога работиме со живо месо или валкано овошје мора одма да го дезинфицираме. Во друг случај опасните балтерии само ќе се множат. Најдобар начин за чистење е врела вода и сапун, а понекогаш потребно е и некое појако средство.

Обрнете внимание на сунѓерот

Треба да го менувате почесто од што мислите. Ако го користиме секој ден, доволно е да купите нови еднаш месечно. До тогаш, стариот понекогаш треба да го ставате во сок од лимон и вода.

Крпи

Веднаш по употреба крпите треба да ги закачите и исушите. Во тој случај ќе издржат два дена. Но, кога се водени, тие се легло на зараза, па мора одма да ги перете.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top