Нејмар: Сакам да ја освојам ЛШ, Светското првенство па да се оженам!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар уште еднаш потврди дека е среќен во француската престолнина и со тоа ги демантираше шпекулациите во медиумите.

Бразилиецот притоа јавно проговори и за неговите цели во престојната година – трофеј во ЛШ, златен медела на Мундијалот и свадба.

„Прва сакам да ја освојам Лигата на шампиони со ПСЖ, а потоа и светската титула со Бразил. Во овој момент тоа се двете мои основни цели. А после, можеби да се оженам“, изјави Нејмар.

„Животот во Париз? Француската престолнина е многу убав град, а фудбалерите овде ме примија многу добро. Среќен сум што сум тука“, заклучи Бразилецот.