Спорт

Нејмар може да си оди од ПСЖ, но само под еден услов


Вчера угледниот „Екип“ излезе со ексклузивни информации дека Нејмар не е среќен во Париз, не е задоволен од квалитетот на француското првенство и сака да се врати во Шпанија.

Најскапиот фудбалер во светот иако игра одлична сезона не е задоволен во ПСЖ, му смета притисокот, а и односот со одредени фудбалери во соблекувалната.

Шпанските медиуми тврдат дека постои можност Нејмар следното лето да се пресели во Реал Мадрид и дека неговиот татко веќе постигнал договор со Флорентино Перез.

Сепак, ПСЖ нема така лесно да се откаже од својот скапоплатен бисер, па разделба би се случила само под еден услов. Медиумите во Франција тврдат дека „светците“ ќе му дозволат на Немар да си замине само доколку оваа сезона ја освојат Лигата на шампиони.

Така ПСЖ ќе ја исполни својата главна цела, а и ќе успее да заработи на неговата породажба со оглед на фактот дека за неговата слобода ќе бара најмалку 250 милиони евра.

Притоа, во таков случај ПСЖ ќе биде согласен на трампа во која ќе го добие Кристиано Роналдо и ќе го направин најплатен фудбалер на светот.

Во секој случај, Нејмар следното лето повторно ќе биде жешка тема!

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top