Нејмар: Минатата година со Барса бев во потешка ситуација


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар верува дека неговиот тим може да се пласира во четвртфиналето од ЛШ и да ја анулира предноста на Реал Мадрид од два гола.

„Светците“ беа поразени со 3:1 во Мадрид, но Нејмар е убеден дека ПСЖ има сили да се пласира во четвртфиналето.

„Ќе биде тешко, но не и невозможно. Минатата година со Барселона бев во многу потешка ситуација, но успеавме да надохнадиме 4 гола разлика и да се пласираме во следната фаза. Не игравме слабо, но треба да играме многу подобро ако сакаме да елиминираме тим како Реал“, прокоментира Нејмар.