Нејмар има нова желба и јасно им порача на челниците – доведете го НЕГО!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нејмар ова лето стана најскапиот фудбалер на сите времиња, па иако е кратко време во ПСЖ тој веќе „командува“ со клубот и почна да се меша во трансфер политиката.

Франциските медиуми од инсајдерски извори пренесуваат дека Нејмар воопшто не е во добри односи со тренерот Унаи Емери. „Дарио Гол“ наведува дека Бразилецот веќе му припрема отказ на шпанскиот тренер и наводно веќе му препорачал едно име на раководството.

Станува збор за актуелниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кого Нејмар го сака во ПСЖ. Бразилецот смета дека Зизу е врвен тренер кој знае да освојува Лига на шампиони, но пред се знае да се справи со многу ѕвезди во тимот.

Пари Сент Жермен уште од поодамна покажува интерес за Зидан, бидејќи Французинот е легенда во својата земја, а вчера беше избран за најдобар тренер во светот.

„Светците“ нема да жалат пари да го донесат Зидан во Париз и да му ја исполнат желбата на Нејмар, но за тоа сепак се прашува и Реал Мадрид.