Недоразбирања и тензии во албанскиот блок: Тачи без поддршка за платформата, БЕСА со обвинување до ДУИ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Платформата на албанските политички партии причина за недоразбирања. По завршувањето на состанокот на Централното собрание на ДПА, претседателот Мендух Тачи рече дека не ја поддржува заедничката платформа на албанските партии.

Но, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пред три тврдеше дека разговарал неколку пати со Тачи и дека претседателот на ДПА потенцирал дека нема да се противи на платформата на албанските партии.

Од коалицијата Преродба со БЕСА, велат дека ја подржуваат платформата, иако имаат недоразбирања со ДУИ, во врска со авторството на платформата.

Од коалицијата, Алијанса за Албанците, за ТВ21 изјавија дека ставот останува ист и дека стојат зад заедничката платформа на албанските партии.