„Не требаше да изгледа така“: Како настана сцената со кадата во филмот „Маратонците го трчаат почесниот круг“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Филмот „Маратонците го трчаат почесниот круг“ премиерно е прикажан пред 35 години, но и понатаму е едно од најкултните и најпопуларни филмски остварувања во овие краишта, а многумина обожаватели на овој филм до последен детал ја паметат секоја сцена од српската црна комедија.

Една од најпознатите сцени, секако, е сцената со бањањето на Максимилијан Топаловиќ (Миќа Томиќ) од страна на слугинката Олја (Мелита Бихали). Режисерот Слободан Шијан и актерскиот ветеран Томиќ се договориле сцената да ја снимат без знаење на Мелита, за нејзиното смеење и писок да бидат поуверливи и природни.

Реакцијата на Мелита беше навистина природна, а таа подоцна раскажуваше дека токму поради тоа сцената испаднала симпатична и спонтана и дека воопшто не им се налутила на филмските колеги кои го премолчале од неа планот за снимањето.

„Постојано се инсистира на таа сцена, што понекогаш и ми пречи. Сум видела низ град дека таа е на омотот од секое ДВД. Морам да ви откријам дека тој кадар не требаше да изгледа така, ама Миќа Томиќ, во договор со режисерот Шијан, ми ја раскина блузата додека ме вовлекуваше во кадата во која се бањаше неговиот лик. Сепак, сцената испадна многу симпатична и спонтана, токму поради фактот дека не знаев за нивниот договор и самата бев изненадена. Секако, не им се налутив“, изјави таа во едно интервју за Press Online.