Не само затоа што е здраво: Неколку препораки и совети зошто почесто да јадете пченка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од млади до стари, речиси секој го сака вкусот на пченката. Околу ова растение се е забавно, од чистењето па се до јадењето.

Сепак, за да не остане само на убавиот вкус, споделуваме неколку интересни работи за пченката, кои најверојатно не сте ги знаеле.

Пченката ја јаделе древните народи уште во Јужна Америка

Потеклото на оваа житарица е од јужно Мексико, а на Стариот континент ја пренел Колумбо. Популарноста набрзо пораснала, па пченката започнала да се одгледува во Франција, Италија, Турција и на Балканот. Денес најмногу се одгледува во САД.

Многу е исплатлива

Речиси сите делови од растението се искористуваат за најразлични намени.

Може да ја консумирате, да се мачкате, да ја носите на себе

Пченката се користи во многу индустрии, па покрај прехранбената се искористува и во фармацевтската, козметичката, текстилната и хемиската индустрија.

Не може од секое зрно пченка да се добие пуканки

Постојат многу видови на пченка, но за да уживате во секое зрно потребно е да изберете еден посебен вид, кој е најдобар за пукање затоа што содржи најмало количество на вода, која кога ќе се загрее се претвора во пареа и предизвикува експлозија, односно пуканки.

Пуканките не се секогаш здрави

Како и со се друго, така и со пуканките треба да сте умерени. Најчесто тие содржат големо количество на масло и сол, па не се најдобар избор ако внимавате на исхраната.

Знаете што грицкате

Пуканките се полни со јаглехидрати, влакна и содржат големо количество на витамин В и минерали.

Чувајте ја на вистинско место

Пченката не треба да ја чувате на топло место. Најдобро е да стои во фрижидер, бидејќи шеќерот кој го содржи брзо може да се претвори во скроб. Може да стои готвена најмногу два до три дена, бидејќи потоа го губи вкусот.

Ако ја готвите, не ја посолувајте водата

Според многумина, солта ја прави пченката потврда, па затоа избегнете ја ако сакате пченката да биде помека.