Вебкафе

Не мора да гладувате: Еве што треба да јадете во зависност од градбата на вашето тело


Секоја телесна форма е посебна и убава, но фактот дека луѓето со различни облици на телото различно се дебелеат е непобитен. Некои жени штом малку претераат со храната, забележуваат дека сето тоа им се „фатило“ за половината, додека на други за бутовите, а на трети за задникот.

Сите имаме проблематични области на телото, а BrightSide, во тој контекст, состави водич кој ќе ви открие што да јадете за да ги намалите килограмите, а да останете здрави и со здрава исхрана.

Коцкеста градба

A post shared by Rumi Neely (@rumineely) on


Оваа форма на телото ја карактеризираат тесни колкови и недефинирана половина. Иако вашите шанси за здебелување се мали, во исхраната би требало да вклучите намирници со здрави масти (авокадо, бадеми, лосос) како и растителни протеини. Без оглед на тоа колку сте слаби, важно е да се храните здраво, па избегнувајте слатки и брза храна.

Јаболко


Килограмите ви се наталожуваат на стомакот, па идеално е да јадете почесто и во помали количини и оброци. Јадете шест пати на ден, но намалете го количеството на храна во оброците.

Консумирајте намирници богати со влакна, зеленчук, витамин Ц и млечни производи со ниска масленост. Ако сакате јогурти, одберете ги оние кои го регулираат варењето на храната. Треба да избегнувате намирници кои подуваат, како брза храна, леб и одредени зеленчуци.

Круша

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on


Вашето тело го карактеризираат широки колкови, а токму таму најмногу ви се „фаќаат“ килограмите. Консумирајте месо, риба, јајца, млечни производи и храна со висок степен на протеини. Овошјата како лубеница и ананас, исто така, се добри за вас, бидејќи ги отстрануваат токсините кои го успоруваат вашиот метаболиза. Комбинирајте ги со растителни чаеви, како зелениот. Избегнувајте солена храна и преработени намирници како тестенини и ориз или заменете ги со оние со целосни зрна.

Песочен часовник

A post shared by Natasha Oakley (@tashoakley) on


Иако е најпосакуван облик на телото, и оваа конституција е подложна на насобирање вишок килограми. Тие подеднакво се „нафаќаат“ врз целото тело, а оваа форма ја карактеризира помалиот број на мускули. Исто така, жените со ваква телесна форма се склони на висок крвен притисок и повишено ниво на шеќерот во крвта, па се препорачува да консумираат намирници со низок глихемиски индекс и да јадат по пет до шест пати помали оброци секој ден. Јадете повеќе свеж зеленчук и свежо овошје, како и здрави масти и немасни протеини.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!