Актуелно

Не излегувајте без потреба: Денес сончево и многу жешко време


Претежно сончево и многу топло со слаб ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степена, додека дневните ќе бидат во интервал од 31 до 41 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 21 и дневна до 39 степени.

УВ индексот ќе изнесува 9.

Извесна промена на времето проследена со засилен северен ветер и намалување на дневната температура за околу 5 степени се очекува во четврток и во петок. Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на наредниот викенд кога ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!