Не е до вашиот смартфон – Фејсбук прави проблеми скоро кај сите!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се работи за тоа дека корисниците се жалат дека апликацијата едноставно се закочува и невозможно е да се користи. Голем број негативни коментари се појавија на друштвените мрежи.

Во описот на апликацијата од Фејсбук стои дека со новото ажурирање „се подобруваат функциите и брзината на апликацијата“. Но, често се среќаваат коментари од типот „Откако ја ажурирав апликацијата, тешко се вчитува“, и слични на овој коментар.

Проблемите со апликацијата според коментарите на корисниците се случуваат последниве неколку дена. Многу корисници се жалат и на проблеми со најавување, вчитување на фотографии и видеозаписи.

Состојбата најдобро е прикажана на мапата од сајтот Довн Детектор. Најмногу проблеми се појавиле во Европа, САД, а нешто помалку во Јапонија и Индија.