Не е само Сити: Друг гигант има пеколен план за Меси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И додека англиските медиуми на големо го селат Лео Меси во Манчестер Сити, шпанските медиуми пласираа информација дека ѕвездата на Барса може да заврши во Манчестер Јунајтед.

Причината поради која не престануваат шпекулациите за трансферот на Меси е фактот дека Аргентинецот одби да го продолжи договорот кој му истекува во 2018 година.

„Спорт“ тврди дека Жозе Мурињо има неверојатен план со „Адидас“ за да го донесе Меси на „Олд Трафорд“.

Имено, за почеток Јунајтед е спремен да му плати 100 милиони евра на Меси само да не потпише договор со Барселона. Тоа значи дека Аргентинецот наредната година покрај платата од Барса ќе добива уште 100 милиони евра од Јунајтед преку „Адидас“.

Оваа приказна навистина изгледа нереално, но таму каде што има чад има и огран, а иднината на Меси е главна тема во спортските медиуми.