Славни

А не е најскапа: Гитарата од Нобеловецот продадена за вртоглави 396.000 долари


Гитара на која во ’70-те години од минатиот век свиреше поп-рок иконата и од лани лауреат на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан, беше продадена за 396 илјади долари на аукција.

Акустичната гитара „Мартин Д-28“ која што била изработена во 1963 година беше продадена од страна на Лери Крег, кој што соработуваше со Дилан и беше задолжен за неговите гитари.

Според договорот за купопродажба, Крег ја откупил гитарата од Дилан за само 500 долари во 1977 година.

Ова сепак не е најскапата гитара на Боб Дилан некогаш продадени, бидејќи неговата „Фендер Стратокастер“ со која што настапил на Фестивалот во Њупорт во 1965 година, беше продадена за речиси еден милион долари во 2013.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top