Не бе, нема непотизам: Претседателот си ја избра сопругата за прв потпретседател


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Првата дама на Азербејџан, Мехрибан Алијева е именувана за прв потпретседател на земјата, а указот е потпишан денеска од шефот на државата Илхам Алијев.

Функциите прв потпретседател и дополнителни двајца потпретседатели се предвидени со уставните измени, кои се изгласани во Азербејџан со референдумот одржан на 26 септември минатата година. Во измените се наведува дека при неможност претседателот да ги извршува своите обврски, тогаш неговите овластувања ги презема првиот потпретседател.

Илхам Алијев ја назначи неговата сопруга како свој прв потпретседател на седница на Советот за безбедност на Азербејџан.

Мехрибан Алијева е родена на 26 август 1964 година. Таа ја предводи најголемата невладина организација во светот, фондацијата Гејдар Алијев, а истовремено е и амбасадор на добра волја при УНЕСКО и Исламската организација за образование, наука и култура (ИСЕСКО).