НБРМ: Вложувањата во виртуелни или крипто валути не е дозволено


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Народната банка на Република Македонија (НБРМ) реагира во врска со објавата за бесплатен онлајн курс за биткоин и начинот на тргување со оваа дигитална (крипто) валута.

Народната банка укажува дека според важечката регулатива во Република Македонија вложувањето од страна на правните и физичките лица резиденти на РМ во виртуелни или крипто валути не е дозволено, исто како што не е дозволено ниту отворање сметки и купување хартии од вредност и деривативни финансиски инструменти во странство, освен при пропишани исклучоци, се вели во соопштението од НБРМ.

Со ова соопштение Народната банка повторно укажува на ризиците кои произлегуваат од ваквите вложувања бидејќи средството кое овозможува многу високи приноси вообичаено носи и големи ризици за загуба.