Навивачите одлучија: Него го сакаме на клупата на Барселона!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Луис Енрике синоќа и официјално потврди дека на крајот на сезоната го напушта кормилото на каталонскиот клуб.

„Оваа пресконференција ќе ја завршам на поинаков начин, со објава дека наредната сезона нема да бидам тренер на Барселона. Нема да го обнивам договорот на крајот на сезоната. Ова за мене е многу тешка одлука за која многу размислував. Уште пред да почне сезоната постоеше таа опција, а сега донесов конечна одлука и ја соопштувам јавно“, изјави Луис Енрике.

Веднаш после ваквата одлука каталонски „Спорт“ направи анкета меѓу навивачите на Барселона за тоа кого сакаат да го видат следната сезона на кормилото.

Дури 75% од читателите се одлучија за Хорхе Сампаоли, актуелниот тренер на Севиља. Втор во анкетата беше Јирген Клоп со 15% гласови.

На трето место беше тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде со 6% од гласовите, а најмалку поддршка доби Хуан Карлос Унзуе, актуелниот помошник на Енрике.