Home Спорт Навивачите на Зенит го поддржаа Ратко Малдиќ – следува жестока казна од УЕФА

Навивачите на Зенит го поддржаа Ратко Малдиќ – следува жестока казна од УЕФА

Фановите на Зенит синоќа на натпреварот против Вардар, со транспаренти му дадоа поддршка на воениот злосторник Ратко Младиќ, кој завчера во Хаг беше осуден на доживотна затворска казна.

УЕФА најави дека еден натпревар пред празни трибини ќе играат сите клубови чии навивачи ќе го слават Ратко Младиќ.

Покрај очекуваната поддршка од навивачите на Црвена звезда и Партизан и навивачите на Зенит истакнаа транспарент на кој пишуваше: „Ратко Младиќ, српски херој“.

Со овој транспарент тие сами си ги затворија портите на стадионот за наредниот меч на Зените во Лига Европа.

За разлика од фановите на Зенит, навивачите на Црвена ѕвезда и Партизан му упатија поддршка на злосторникот без да го споменат неговото име.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…