Научниците тврдат: Луѓето кои имаат проблем со утринското будење се поинтелигентни


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ако сте едни од оние кои наутро тешко се будат и потребни им се неколку аларми за конечно да го напуштат удобниот кревет, научниците тврдат дека постои причина за тоа. Истражувањето направено во оваа насока открива дека тие кои потешко се будат наутро се поинтелигентни како личности.

Истражувањето со симболичен наслов „Зошто ноќните птици се поинтелигентни?“, објавено во 2009 година, вели дека времето во кое одиме на спиење и кога се будиме е поврзано со нашата интелигенција. Кога не се будите веднаш, со првите звуци на алармот, тоа значи дека сте поинтелигентни како личност. Или барем така тврдат авторите на истражувањето Сатоши Каназава и Каја Перина.

Оние кои го игнорираат алармот се поспремни да ги следат своите сништа и амбиции, а воедно се и покреативни и посамостојни. Самите одлучуваат да спијат до кога што сакаат, а не до кога што им вели алармот. Слични резултати се добиени и со едно уште постаро истражување, од 1998 година. Тоа пак, покажува дека сите луѓе кои одат на спиење после 23:00 часот и се будат после 08:00 наутро, повеќе заработуваат и се посреќни во животот.

Сепак, иако е добро да станувате од спиење кога вам ви одговара, а не кога ѕвони алармот, не е добро да спиете премногу. За возрасните е предвидено дека идеалното време поминато во спиење е седум до девет часа и тие треба да се придржуваат до тоа.