Научниците тврдат: Хипохондриците живеат подолго од другите луѓе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За хипохондриците најчесто се вели дека нивната непотребно стресна грижа за здравјето има негативни последици. Но, научниците тврдат дека тоа е баш вистина. Новата студија покажува сосема друг исход – хипохондриците се подолговечни.

Генерално, невротичните луѓе кои процениле дека нивното здравје е лошо, без да имаат физички причини за тоа (хипохондриците), имаат помал ризик од рана смрт. Се смета дека „здравите невротици“ повеќе водат грижа за своето здравје и почесто бараат совети.

„Нашите откритија се значајни бидејќи покажаа дека да се биде хипохондрик може да има и превентивни ефекти, можеби поради тоа што тие луѓе се повнимателни кон своето здравје“, вели водителката на студијата, професорката Кетрин Гејл од Универзитетот Единбург.