Научниците со нови факти за алкохолот поради кои може дополнително да се „пропиете“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изгледа дека алкохолот, сепак, може да придонесе и помогне за полесно симнување на вишокот килограми, тврдат некои научници.

Иако долго време се смета дека луѓето се дебелеат поради консумирање алкохолни пијалоци, сепак, научниците тврдат дека постои начин чашката со алкохол да ви биде добар пријател во борбата со здебелувањето.

Умерено консумирање алкохол

Кога станува збор за умерено консумирање алкохол, истражувањето направено во 2010 година и објавено во Archives of Internal Medicine покажува дека жените кои дневно пијат две чаши алкохолен пијалок потешко стекнуваат вишок килограми.

Умереното количество алкохол може да ја зголеми дозата на HDL холестеролот, кој всушност го користи телото.

Исто така, ако редовно пиете црно вино (нормално, во умерени количини), во вашето тело масните клетки ќе се развиваат со помала брзина и интензитет, тврдат истражувачите од научното истражување поврзано со оваа проблематика направено во 2014 година и објавено во Journal of Nutritional Biochemistry. Станува збор за елагинската киселина која го отежнува таложењето на липидите.

Ароматизираните вина содржат полифеноли кои исто така помагаат при намалувањето на килограмите, велат резултатите од истражување направено во 2004 година. Секако, треба да ги избегнувате алкохолните пијалоци кои содржат премногу шеќери, бидејќи тие навистина не можат да придонесат ништо корисно за вашата диета.

Прекумерна консумација на алкохол

Прекумерното консумирање алкохол може да резултира со нагло и штетно слабеење, поради тоа што алкохолот го „залажува“ организмот да мисли дека во себе ги има сите потребни состојки и дека е најаден, па произведува многу повеќе киселина од желудникот.

Тоа може да премине во сериозен здравствен проблем кој доведува до претерано консумирање на алкохол со цел да се надомести храната, и што на крајот резултира со алкохолизам.

Сепак, мора ригорозно да потенцираме дека со алкохолот треба внимателно. Сè што е надвор од умереноста и минуциозно дозволените граници може да има штетни последици, многу посериозни од вишокот килограми.