Таратур

Научниците откриваат колку време може мозокот да функционира после клиничка смрт

Мозочната активност продолжува повеќе од 10 минути после смртта, покажува новото истражување спроведено од доктори од универзитет во Канада.

Канадските доктори кои работат на одделот за интензивна нега, забележале дека мозокот продолжува со работа и после утврдување на клиничка смрт кај пациентот.

Во случајот каде лекарите констатирале смрт на пациентот, имало отсуство на пулс и било какви реакции. Меѓутоа тестовите покажале дека мозокот продолжил да функционира, а мозочните ќелии функционирале како во сон.

Само кај еден од четири пациенти се случува оваа мистериозна мозочна активност, додека кај поголем дел престанува да работи пред срцето да запре. Но секој мозок се однесувал различно после смртта на пациентот.

Докторите не ја знаат причината за ваква мозочна активност и се многу внимателни во донесувањето на било какви заклучоци. Сепак, уверуваат дека не се работи за грешка во обзир на исправноста на апаратите со кои е пратен мозокот.