Научниците на работ на иновација: Зависноста од дрога ќе се лекува со вакцина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Наркоманијата и зависноста од разни наркотични супстанци е нашироко распространета појава и општествен проблем со кој се соочуваат голем број земји ширум цел свет.

Во САД секој ден умираат по 115 луѓе како последица на предозираност со разни лекови. За големиот број смртни случаи исто така придонесува и фактот што лекарите често им препишуваат на пациентите лекови за олеснување на болката. Многу луѓе ги земаат легално, па бргу стануваат зависни од нив.

Зависноста од дрога е исклучително тешка да се лекува. Затоа, научниците се обидуваат да пронајдат нови, сосема поинакви методи за лекување зависност.

Така, тим од научници од истражувачкиот институт „Скрипс“ во Калифорнија неодамна објави труд за начинот на кој функционира потенцијална вакцина против зависност од хероин. Оваа идеја не е нова, односно основниот концепт е создаден во седумдесеттите години на минатиот век.

Како и секоја имунизација, оваа исто така треба да создаде антитела што се врзуваат за хероинот во крвта. На овој начин се спречува дрогата да ја мине бариерата крв-мозок, а токму тоа го создава чувството поради кое зависниците консумираат наркотици. Според оваа теорија, корисникот веќе нема да го чувствува ефектот на дрогата и се претпоставува дека на тој начин е поверојатно оти нема да продолжи да ја зема.

И други тимови на научници работат на слична вакцина за третман на зависници од кокаин, како и за потенцијално лекување зависност од никотин. Поради големиот број луѓе што секоја година умираат поради земање дрога и недостиг на опции за третман, јасно е дека постои потреба од драстична интервенција во оваа сфера.

Најголем предизвик е да се пронајде научна магија која ќе им овозможи на овие третмани да дејствуваат врз луѓето. Кај лабораториските животни средствата се покажале како многу ефикасни, но резултатите не се толку добри кај луѓето. Бидејќи ваквите тестови се спроведувале пред повеќе десетици години, неуспехот на претходните истражувања сега им дава на научниците значаен увид во она што треба да се искористи при новите тестови.