Научник успеал да фотографира атом заробен во магнетно поле


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Давид Надлингер од Универзитетот во Оксфорд успеал да долови фотографија од еден атом.

Оваа единствена фотографија покажува еден атом фатен во магнетно поле и им открива на обичните посматрачи како изгледаат атомите. На фотографијата е прикажан еден позитивен полнеж на атомот кој на 2 милиметри е сместен помеѓу метални електроди кои прават магнетно поле. Атомот е осветлен со сино-виолетова боја, по што ја апсорбира и емитува светлосни честички. Сето се случува многу брзо, и фотоапаратот подесен на долга експозиција успеал да го долови.

Оваа фотографија е прогласена за најдобра научна фотографија на натпреварот за национална научна фотографија кој е организиран од страна на EPSRC.

„Кога едно мирно неделно попладне бев во лабораторијата со камерата и стативот, ја направив оваа посебна фотографија на таа мала бледа точка“, вели Недлингер.

Фотографијата е направена на 7 август 2017, а во конкуренција имаше повеќе од 100 фотографии.