Научна реалност

Научници ја пронајдоа најстарата вода на светот


Научници откриле најстара вода во светот во баричка во Канада, која е најмалку 2 милијарди години стара.

Во 2013-та, во рудникот Кид во Онтарио била пронајдена вода која датирала од пред 1.5 милијарди години, а се наоѓала на длабочина од 2.4km, во подземен тунел.

Но, екстремната длабочина на рудникот (3.1km) им дозволила на истражувачите да продолжат да копаат, што довело до пронаоѓање на новиот извор на длабочина од 3km.

Количината на пронајдената вода ги изненадила сите бидејќи истражувачите повеќе очекувале неколку капки врз камењата, а ги дочекала баричка каде што протокот на водата изнесувал околу 2 литри во минута.

Со анализирање на гасовите растворени во оваа античка вода (вклучувајќи хелиум неон, аргон и ксенон) истражувачите успеале да ја проценат староста на водата на најмалку 2 милијарди години.

Во претходните истражувања на 1.5 милијарди години старата вода, анализите на сулфатната содржина покажале дека сулфатот бил произведен како резултат на хемиска реакција помеѓу водата и камењата, а не како резултат на негово пренесување од површинската вода. Тоа значи дека геохемиските услови во овие антички базени вода кои се комплетно изолирани од површината би можеле да се доволни во нив да се одржи микробен живот – независен подземен екосистем кој би можел да трае милијарди години.

Ако ова функционира кај старите каменести површини на Земјата, тогаш слични процеси би можеле и да се одвиваат под површината на Марс.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!