Живот

Научна студија тврди: Во овој период од бракот жените најчесто изневеруваат


Иако можеби некому ќе му звучи и делува смешно, сепак, верувајте, огромен број на луѓе сериозно се „замараат“ со вакви и слични податоци кои доста им значат во рамки на нивниот личен живот, па поради тоа се прават и комплетни и сериозни истражување на ова поле.

Едно такво, најново, истражување за сексот и односите во бракот открива во кој период од брачниот живот жените најчесто почнуваат да ги изневеруваат своите мажи.

Студијата објавена на порталот sexscience.org е резултат на истражување кое беше спроведено на 423 испитаници кои се во брак или долга врска. Истата открива во кој период од бракот жените почнуваат „да шараат наоколу“.

Помеѓу шестата и десеттата година од брачниот живот е најкритичниот период за неверство од страна на сопругата, вели ова истражување. Жените кои се во брак пократок од шест години не изневеруваат толку често, како ни оние кои се во брачни води и верност подолго од десет години.

Што се однесува на мажите, најголема склоност кон неверство покажуваат мажи кои се во брак подолго од 11 години. Експертите ова го објаснуваат со фактот дека тоа е период од животот во кој мажите почнуваат да размислуваат за сето она кое не го направиле и го пропуштиле во минатото, а сакале да го искусат.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top