Вебкафе

Направи изложба од фотките со машки полови органи кои ѝ ги праќале мажите


Витни Бел на непосакуваните фотографии со машки полови органи кои ги добивала во пораки на социјалните мрежи одлучи да направи нешто креативно, а не само да ги избрише. Така се роди изложбата со наслов „Не го барав тоа: Слики од пениси за цел живот“.

Веројатно добар дел од припадничките на женскиот пол на социјалните мрежи имале непријатна прилика да бидат „почестени“ со некоја непристојна фотографија во инбокс од некои нивни „социјални пријатели“ кои, ете, решиле на таков начин да им се додворуваат. Со таков проблем се носи и Витни Бел, која од непосакуваните фотографии реши да ја направи изложбата со гореспоменатиот наслов, која е изложена во Лос Анџелес.

A photo posted by Whitney Bell (@kidd.bell) on

„Не е тоа омраза кон пенисите или мажите. Сакам добар кур. Само, не сакам злоупотреби. Така треба да почнеш да гледаш на тоа. Никој не ги барал тие пениси“, отворено и без задршка објаснува Бел, зборувајќи за своите мотиви за отворањето на изложбата.

5-1-fotki-penisi-izlozba

Додека ги собирала материјалите за изложбата, на Reddit и Chatroulett се обидела да дознае што им се мота во главата на мажите кои праќаат такви фотографии до недолжните жени кои ништо не насетиле до отворањето на испратената контроверзна фотографија. Но, наместо одговори, добила уште повеќе фотографии од пениси.

A photo posted by Whitney Bell (@kidd.bell) on

„Сето тоа е злоупотреба. Тоа нема врска со сексот, туку со моќта. Тие типови сакаат да наметнат контрола. Ги возбудува сознанието дека ја натерале девојакта да го погледне тоа“, вели Витни во разговор за Vice.

„Тоа не е додворување, туку како да и се дереш на жена од автомобил. Го правиш тоа единствено затоа што можеш и бидејќи светот те научил дека тоа е во ред, вели Бел која се бори за промена на таквиот однос на мажите на социјалните мрежи, а девојките кои добиваат непосакувани фотографии од пениси ги советува: „Пратете им назад фотка од поубав пенис од нивниот“.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!