Напорно вежбате, а немате време да јадете? Прочитајте ги овие 4 совети за вашето тело да не биде гладно!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нешто најлошо што може да направите на своето тело кога вежбате е внесувањето на премалку нутритивно богата храна.

Без разлика дали сакате да ослабете, напорните тренинзи бараат повеќе енергија која најмногу се добива од храната.

Запишувајте што јадете

Водењето дневник за храната е важно од две причини: можете да следите што сте внесле и што треба да додадете. Кога секој ден ќе прочитате што и колку сте изеле, полесно ќе можете да ги променете прехрамбените навики.

Често грицкајте

Меѓуоброците се важни во секојдневната исхрана бидејќи тоа го одржува шеќерот во крвта. Сигурно знаете дека не е добро да јадете еднаш дневно, бидејќи тој режим е контрапродуктивен.

Однапред спремајте ги оброците

Ако цело време сте зафатени и не успевате храната да ја припремете точно пред да почнете со јадење, спремете ја порано. Немора да готвите нешто посебно, битно е да е хранливо.

Планирајте го времето за оброк

Телото сака распоред па доручекот или ужината нека бидат во исто време. Така ќе осигурате здрав оброк и ќе бидете сигурно дека не сте пропуштиле да му дадете на телото тоа што му треба.