Намирници кои го „креваат“ либидото


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Се подготвувате за романтична вечера со вашиот партнер и сакате да зготвите нешто што на двајцата ќе ви се допадне? Зошто не размислите за храна со која ќе влијаете врз либидото и ќе си обезбедите вечер исполнета со врвни задоволства?

Изберете некоја храна која ќе го поттикне сексуалниот нагон и верувајте дека и вие и партнерот ќе си легнете насмеани.

Целер

Целерот има арома која содржи два стероиди наречени андростерон и адростенол. Кога овие стероиди патуваат низ нашите потни жлезди го привлекуваат спротивниот пол.

Семки од тиква

Овој вид семки се одличен извор на цинк, кој што го зголемува нивото на тестостерон. Не се само одлични за мажите, туку студиите покажуваат дека се добри и за жените бидејќи жените со високо ниво на тестостерон имаат поголема желба за секс. Мажи, следен пат, семките од тиква нека бидат задолжителна храна на масата.

Лубеница

Лубеницата ги опушта крвните садови и го подобрува крвотокот во гениталиите. Освен што нè разладува, лубеницата е и одличен афродизијак.

Црвено грозје

Овој вид на грозје е добар извор на бор, минерал кој го подобрува ослободувањето на естроген и тестостерон. Со тоа добиваме свежа енергија во половите органи и многу побрзо се возбудуваме.

Банана

Одличен извор на калиум е токму бананата. Оваа хранлива материја помага полесно се ослободуваат мускулите, што е многу важно за добар секс. Исто така ова овошје придонесува до ослободување на тестостерон.

Соја

Продуктите кои содржат соја се познати по изофлавните соединенија, кои го имитираат дејството на естрогенот. Тој пак ја одржува вагината подмачкана за поголемо сексуално задоволство.

Школки

Со години се зборува дека школките го покачуваат либидото. Тие содржат два вида на аминокиселини, кои ги зголемуваат секс хормоните и кај мажите и кај жените.

Ореви

Оревите се едни од најефикасните афродизијаци. Содржат Л-аргинин, кој ги прави артериите флексибилни, го подобрува крвотокот, со што доаѓа до поголемо количество на кислород во половите органи.

Темно чоколадо

И чоколадото како и оревите е познат афродизијак. Но, треба да изберете чоколадо со 60-70% какао, а не млечно чоколадо. Тоа ги испушта истите хемикалии од телото како оние кои се ослободуваат за време на сексот.

Вино

Кога помислуваме на вино, веднаш помислуваме и на секс. Алкохолниот пијалак нè релаксира и ни ја зголемува желбата за секс, но потребни ни се само една до две чаши за целосно уживање. Сигурно не сакате да претерате и да не памтите ништо од вечерта.