Намирници и производи кои не ви се сојузници во борбата против грипот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сите знаеме дека кога сме болни, еден топол чај или пилешка супа може многу да ни помогне. Сепак, постојат и намирници кои не се сојузници во борбата против вирусите и грипот и додатно ги зајакнуваат симптомите.

Купечки овошни сокови

Домашно исцедениот сок е полн со витамини и минерали кои му се потребни на телото, но тоа не е случај и со купечките овошни сокови. Имено, таквите напитоци во себе содржат голема количина на шеќери, кои се врзуваат за крвните клетки и ги „крадат“ витамините од телото и со самото тоа го ослабуваат имунитетот.

Пржена храна

Пржената храна не е здрава за јадење ни кога сме здрави, а замислете колку е штетна за телото кога истото е нападнато од вирус. Преполна е со заситени масни киселини кои се тешко варливи и може значајно да го нарушат системот за варење кој и онака кога сме болни не работи добро.

Кафе

Кога сме болни треба да го зголемиме внесувањето на течности. Сепак, кафето, односно кофеинот, може да предизвика дехидратација на веќе ослабениот организам.

Кисели намирници

Киселите намирници може да ја иритираат оштетената слузница што може додатно да ги зголеми симптомите на болеста. Потрудете се да ги избегнувате киселите овошја како што е цитрусот, портокалите и киселиот домат. Цитрусните овошја подобро е да ги консумирате со топла вода и мед.

Алкохол

Исто како кафето, алкохолот го дехидрира телото, а и мешањето на некои лекови со алкохол, значително го намалува нивното дејство. Иако истражувањата потврдиле дека една чаша вино го зајакнува имунитетот, кога сте болни, таа навика треба да ја исфрлите и да ја замените со чаша природен сок или чај.

Млечни производи

Иако млечните производи содржат протеини и витамин D, кој помагаат за зајакнување на организмот, исто така го зголемуваат излачувањето на природниот слуз во организмот што може значително да ја влоши кашлицата.