Накрцан со милионери и милијардери: Еве ги каубоите од пеколот во кабинетот на Трамп


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Трамп составува влада според сопствениот имиџ и како што нему му се допаѓа, пренесува Bloomberg. Првиот американски претседател милијардер назначил двајца милијардери и барем девет милионери, чие вкупно богатство се проценува на 5,6 милијарди долари.

Двајца од назначените се пензионирани генерали. Помалку од половина од министрите имаат некое искуство на државни позиции. Многу од нив имаат блиски врски со Wall Street и корпоративна Америка. Неговиот кабинет ќе изгледа многу поинаку од оној на Барак Обама.

Мајк Пенс (бел маж со искуство во државните структури и богатство од скромни 635 илјади долари) – потпретседател.

Актуелниот гувернер на државата Индијана е добар знак за социјално конзервативното крило на Републиканците. Пенс беше 12 години во Долниот дом на Сенатот. Поранешниот радио водител има свои лични цели и идеи, како на пример ограничување на мешањето на државата, а исто така и социјални цели, како што се забрана на абортусот.

Рекс Тилерсон (бел маж кој финансиски тежи 365 милиони долари) – државен секретар.

Главниот извршен директор на Exxon Mobil ќе биде дипломат број 1 на САД, во случај ако добие одобрение од Сенатот, каде законотворци и од двете големи американски партии се заинтересирани за неговите односи со рускиот претседател Владимир Путин, кои датираат од пред речиси 20 години. Тој ќе биде принуден да ги продаде своите 2,6 милиони акции на компанијата, кои кон 16 декември имаат вредност, еднаква на околу 240 милиони долари. На крајот на оваа година тој се повлекува од функцијата во Exxon Mobil.

Стивен Мнучин (уште еден бел милионер со банкарско конто од 655 милиони долари) – министер за финансии.

Поранешниот менаџер на хеџ фонд и партнер на Goldman Sachs ќе се зафати со тешката задача да спроведе даночна реформа и да даде отпор на кинеската политика за обезвреднување на јуанот. Мнучин, чиј татко исто така беше дел од Goldman Sachs, ќе биде третиот кадар од њујоршката банка на оваа позиција за последните три децении.

Џејмс Матис (белец, пензиониран офицер) – министер за одбрана.

Пензионираниот генерал Матис ќе треба да се справи со поставената од Трамп задача да ја уништи Исламска држава. Тој ќе треба да раководи една огромна бирократска институција со буџет од над 590 милијарди долари и тоа во време кога на претседателската функција е човек кој вети поголема армија, но истовремено сака да се постигнат заштеди од некои скапи оружја, како пример авионите F 35. Матис се пензионира во 2013 година по 41-годишна служба во морнарицата.

Џеф Сезонс (белец со искуство во државните структури и состојба во износ од 7,4 милиони долари) – министер за правда.

Републиканскиот сенатор на сојузната држава Алабама зазема тврди позиции за прашањата на имиграцијата и е поранешен обвинител. Тој беше еден од ретките законотворци кои го поддржаа предлогот на Трамп да се забрани пристапот на муслимани во САД. Во 1986 година сенатот му откажа номинација за судска позицијата, откако тој беше набеден дека е расист.

Вилбур Рос (белец, милијардер, со капитал од 2,9 милијарди долари) – министер за трговија.

Милирдерот инвеститор Рос доби статус преку стекнување и реструктуирање претпријатија на кои им се заканува банкрот. Тој ќе биде одговорен да ги исполни ветувањата на Трамп за тврд курс по трговските прашања со Кина, да ги ликвидира TPP и NAFTA и да ги казнува строго компаниите кои планираат да го извезат бизнис од САД.

Ендрју Пуздер (бел маж со состојба во износ од 110 милиони долари) – министер за труд. Бизнис магнатот, чиј бизнис е поврзан со синџири за брза храна, Пуздер ќе има можност да промени дел од политиките на Обама, кои тој не ги сакал. Пуздер е извршен директор на CKE Restaurants и беше економски советник на Трамп за време на неговата кампања.

Том Прајс (белец со искуство во државните структури и состојба во износ од 18,7 милиони долари) – министер за здравство.

Прајс е истакнат противник на Обамакер и администрацијата на Трамп гледа во него вистинскиот човек кој ќе го промени овој систем. Прајс е конгресмен од Џорџија и поранешен ортопед.

Бен Карсон (маж со состојба во износ од 23 милиони долари) – министер за домување и урбан развој.

Бен Карсон е поранешен неврохирург и има завидна професионални успеси. Членот на Демократската партија Ненси Пелоси го нарече исклучително неквалификуван за функцијата.

Елејн Чао (жена со искуство во државните структури и состојба во износ од 25,6 милиони долари) – министер за транспорт.

Ова ќе е втор пат, во кој таа ќе ја врши функцијата министер. За време на владеењето на Џорџ Буш помладиот таа беше министер за труд и стана првата жена-министер со азиски корени во САД. Таа е омажена за републиканецот и член на Сенатот Мич МакКонел. Како министер за транспорт таа ќе има главна улога во исполнувањето на ветувањата од Трамп план во вредност 1 трилиони долари за модернизација и изградба на автопати, мостови и други инфраструктурни објекти.