Историја

Најстарите ракописи и папируси на изложба во Виена


Во виенскиот музеј Papyrus, од страна на Националната библиотека на Австрија, отворена е изложбата „Ракописи и папируси“ која нуди возбудлив увид во хронологијата и патиштата на знаењето низ човечката историја.

Преку 50 експонати, од најстарите приватни писма пишувани на папирус на латински јазик, до скапоцениот пергамент од Средниот век, се прикажува формирањето и зачувувањето на текстовите низ времето кога принципот “copy-paste” бил макотрпна, долга и тешка работа.

Во фокусот се наоѓаат класици од Стариот век, од Хомер до Вергилиј, но и текстови од Римското царство. Оригиналните писма ги покажуваат значајноста и посебноста на приватниот трансфер на знаењето и го оживуваат секојдневието од антиката. Прикажаните артефакти потекнуваат од Националната библиотека на Австрија и документираат различни напори на луѓето за едукација и литература, но и разновидни начини на пренесување на вестите.

Посебен пример е писмената кореспонденција од секојдневниот живот во последниот период од Стариот век, најстарото во оригинал зачувано сведоштво на латинската култура на писмена кореспонденција.

Папирусните писма од 1 век пред нашата ера имаат форма која и денес ни е позната: испраќачот, примачот и поздравот стојат во првиот ред, а на крајот поздрав на латински, Vele, и датумот.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top