Славни

Најсилната Русинка: Мажите сигурно нема да се бунат ако малку ги „потепа“ таа


Анастасија Јанкова го привлекува вниманието на секој чекор. Прекрасното лице и фантастично одржаното тело се нејзините силни адути, но најсилниот буквално го чува за крај.

25-годишната убавица од Москва е позната и како жестока фајтерка во рамки на Ultimate Fight дисциплината. На Инстаграм има над 165.000 обожаватели кои се импресионирани од нејзините фотки, но не сите од нив се согласуваат дека треба да се занимава со толку насилен  спорт.

Неодамна своите обожаватели ги шокираше со фотка на која е фотографирана со отоци и модринки од тепачка. „Тоа е ММА, душо“, кратко додаде Анастасија на фотката.

„Таква убавина треба да биде заштитена“, е еден од коментарите од фан кој не се согласува со одлуката таа да се тепа по рингови.


Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top