Нобел

Најпосле објавен датумот: Продажбата на новиот Нокиа 3310 почнува на…


Новиот ретро-модел на Нокиа 3310, кој официјално беше претставен на крајот од февруари, оваа година, на Светскиот конгрес за технологија, наскоро ќе се најде во продажните центри ширум светот.

Финската компанија HMD објави дека долгоочекуваниот телефон, кој е ретро верзија на култниот Нокиа 3310, во Велика Британија ќе почне да се продава на 24 мај, а веднаш после тоа ќе се најде и на германскиот, холандскиот и белгискиот пазар.

Цената на новиот модел ќе биде околу 50-тина евра и многу веројатно е дека фановите овој модел ќе го купуваат за резервен телефон поради долготрајноста на батеријата.

A post shared by Labo Fnac (@labofnac) on

Новата верзија на 3310 е засилена и доби и различни бои, но по многу спецификации и перформанси е ист како оној од 2000-та година. Не е смартфон и не може да се поврзе на интернет. Новиот модел има и камера (за разлика од стариот кој немаше таква опција), но истата има капацитет од само 2 мегапиксели. Поддржува и SD мемориска картичка и 2G мрежа.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top