Најпаметните фудбалери: Од магистри на Харвард до доктори


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најпознатите стереотипи е дека спортистите се личнсти кои ги инетресира само бркање на топката по теренот. Меѓутоа, многумина ќе се изненадат од фактот дека кај фудбалерите има многу високо образовани луѓе, па дури и доктори на наука.

Роберт Левандовски неодамна ги израдува навивачите на Баерн и Полска која на социјалните мрежи откако објави дека дипломирал на факултетот за Физичка култура и спорт.

Шпанскиот репрезентативец Хуан Мата е дипломиран економост, експерт во полето на маркетинг, а неговиот колега од репрезентацијата Андрес Иниеста е биолог по струка.

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике се смета за еден од најинтелегентните фудбалери и наводно неговиот IQ изнесува 150. Пике има магистарска титула од Харвард.

Чуварот на мрежата на Ливерпул, Симон Мињоле дипломираше на политички и опшествени науки.

Дефанзивецот на „старата дама“, Џорџо Киелини можеби има изглед на боксер, но пред неколку месеци се стекна со титулата доктор по економија. Неговата теза за финансиското работење на Јувентус на Факултетот за деловна администрација и менаџмент оценета беше со највисока оцена.

Голманот на Осасуна Ману Херера е исто така дипломиран економист. Поранешниот играч на Реал, Естебан Гранеро има завршено психологја.