Најмалку две повредени лица при пукање во локално училиште во Франција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во пукање во францускиот град Грас се повредени најмалку две лица, соопшти француската полиција. Пукањето се случило во едно локално училиште, а властите објавиле предупредување за тероризам.

Локалните медиуми јавуваат дека едно лице влегло во военото училиште Алексис де Токевиј и почнало да пука. Има извештаи и за втор напаѓач кој е наводно во бегство.

Полициски специјалци веднаш биле испратени на местото на инцидентот каде уапсиле еден маж.

Грас се наоѓа 40-тина километри од Ница, каде во јуни минатата година беше извршен крвав терористички напад со камион во кој беа убиени 86 луѓе.