ВИДЕО: Познат убиецот на 27 лица во Тексас – бивш војник избркан од армијата на САД


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Белец, на возраст од 20-тина години е идентификуван како напаѓачот кој при масакрот извршен во баптистичката црква во Сатерленд Спрингс уби најмалку 27 и рани 30 луѓе.

Телевизијата повикувајќи се на полициски извори наведува дека е извршена прелиминарна идентификација на напаѓачот и е откриено дека тој неодамна се „пофалил“ на Фејсбук со пушка која наликува на АР-15.

Напаѓачот е бивш војник, 26-годишниот Девин Патрик Кели, кој бил отпуштен од воздухопловните сили после постапка која против него се водела на воениот суд во 2014 година. Живеел во предградие на Сан Антонио, голем тексашки град оддалечен педесетина километри од местото на злосторот.

Кели бил отпуштен од армијата на САД после судскиот процес на воен суд против него, во кој бил обвинет за насилство врз сопругата и нивното дете во 2012 година. Две години подоцна спорот завршува и Кели е отпуштен од воздухопловните сили.

Според очевидци на инцидентот, напаѓачот истрелал повеќе од 30 куршуми од полуавтоматско оружје, ја фрлил пушката и избегал.

Напаѓачот мирно влегол во црквата за време на неделната служба и почнал да пука, при што уби 27 лица, а десетина се повредени. Во инцидентот убиен е и напаѓачот.

Се уште не е познат мотивот за нападот.